ДОЧЕК НА НОВА 2019 ГОДИНА ВО СОФИЈА

Хотел Акорд 3*

Софија е главен град и најголем град во Бугарија, со население 1 286 383 лица, што претставува 16,4% од населението на Бугарија. Сместена е во централниот дел на Западна Бугарија, во Софиската котлина и е опкружена со планини: Витоша на југ, Љулин на запад и Стара Планина на север.

Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија”, а бидејќи светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога во 1878 година руските војници го ослободуваат градот од турско владеење.

Софија е прогласена за престолнина на 3 април 1879 година од страна на Уставотворното собрание, како стар бугарски град, оддалечен од турската граница и централно расположен во бугарските земји според тогашното разбирање. Мотото на Софија е ****Градот кој расте, но не старее****

Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера.

Програма за патување:

30.12.2018 (недела)

Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел Акорд 3*.

Во вечерните часови, организирано Предновогодишна забава во кафана(механа) – (факултативно).

Ноќевање.

31.12.2018 (понеделник)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.

Препорачуваме да се одморите за вечерната прослава.

Дочек на Нова Година 2019 во СОФИЈА на некој од плоштадите или во дискотека (факултативно).

01.01.2019 (вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот во 10:30 часот.

Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот :  59 евра / 3.658 ден

First Minute цена 59 евра / 3658мкд за 1/3 соба и 69 евра / 4278 мкд за 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.10.2018

Промо цена 69 евра / 4278 мкд за 1/3 соба и 79 евра / 4898 мкд за 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.11.2018  

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Разглед со локален водич
  • 3 дена/2 ноќевања во на база В/В (ноќевање со појадок)
  • Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL
  • Придружник и организација на патувањето

Цената не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Предновогодишна забава во кафана
  • Дочек на Нова Година во Дискотека

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Share This