Азурен Брег – Термин 27 Април

1 ДЕН  27.04.2018: СКОПЈЕ – МИЛАНО

Азурен Брег: Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 28.04.2018: МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор,  одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН 29.04.2018: МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата…   Ноќевање.

04 ДЕН 30.04.2018: НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

05 ДЕН 01.05.2018: НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 02.05.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  219€ / 13580 ден

199€ / 12.340 ден.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во хотел 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница,

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 190 мкд, ( за лица до 60 год)
  • Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
  • Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
  • Посета на Кан и Сент Тропез (30€)
  • Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4,400 ден

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
ednodnevni-kapenja - joco turs

Ви благодариме.

Share This