Будимпешта – Термин 27 Април

1 ден   27.04.2018СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА  

Будимпешта: Состанок  на групата пред  спортската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден  28.04.2018 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамскоразгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  29.04.2018БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок.Препорачуваме факултативна посета на Виена, со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

4 ден 30.04.2018 БУДИМПЕШТА  – БРАТИСЛАВА

Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуалниактивности,ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање 

5 ден   01.05.2018 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Одјавување од хотелот. Одиме на факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор.

6 ден  02.05.2018СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139 евра / 8620 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  190 денари
  • Крстарење по Дунав  (15€)
  • Посета на Сент Андреа  (10€)
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF (35€)
  • Посета на Братислава со локален водич (25€)
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  4.650 денари
  • Разглед на Будимпешта со локален водич  (10€)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Share This