ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.09: 119€/7.370 МКД

Прв ден 20.10.2017 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Втор ден 21.10.2017 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

Трет ден 22.10.2017 ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден 23.10.2017 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден 24.10.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.09: 119€/7.370 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/7.990 ден.

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич на Атина
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
  • Патничко осигурување – 5
  • Вечера во таверна – 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. ЈОЦО ТУРС
Share This