За целосна уплата до 15-ти декември -25% ПОПУСТ
ТРЕТО ЛИЦЕ БЕСПЛАТНО

Познато Грчко летувалиште, сместено на внатрешната страна на полуостровот Касандра во областа Халкидики. Се наоѓа на 100 км од Солун и претставува едно од најубавите туристички места на првиот крак. Го карактеризираат преубави песочни плажи, опкружени со бујна медитеранска вегетација, со кристално чиста и топла вода. Покрај преубавите плажи, шеталиштата покрај море, главниот плоштад како центар на сите случувања, тука се и многубројните таверни, ресторани, пицерии, пабови, кафетерии и дискотеки.

hanioti-post-image-1Вила Орфеас

Вилата се наоѓа во мирниот дел на Ханиоти, оддалечена 7 мин. од центарот на Ханиоти и 5 мин. од песочната плажа. Располага со убаво уредени двокреветни (два кревети и фотеља) и трокреветни студија  на прв и втор кат.

Сите студија се опремени со бања, комплетна кујна, ТВ, клима уред (вклучен во цена), пространи тераси.

hanioti-post-image-2

Во цената е вклучено користење на клима уред.

  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур=61.8 мкд.)
  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
  • За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 еур од вкупната цена по лице.
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 год) за пакет аранжман од 7 ноќевања и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања
  • Трето лице бесплатно сместување, плаќа само превоз.
  • Цена за превоз за дете од 2-11.99 год. -25 еур/1.545 мкд
  • Цена за превоз за возрасен 35 еур/2.163 мкд

Рана резервација -20 % ПОПУСТ со сопствен превоз за уплата до 15 Декември

НАПОМЕНА:

  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден!
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости!
  • Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00ч
  • Враќање последниот ден во попладневните часови!

 ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=61.8 мкд.)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, минимум важност 90 денa

hanioti-post-image-3

Share This