Вила “Blue Dream”, се наоѓа веднаш над вила “Theano” односно помеѓу втора и трета пешачка зона и на околу 200m од плажа. Вилата располага со Апартмани со една спална за 4 или 5 лица, на I-ви кат, со еден брачен кревет во спалната и две одделни легла во кујната, или еден брачен и еден единечен во спалната и две одделни легла во кујната, зависно од структурата на апартманот.

Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон маркетот наспроти вилата и центарот, телевизор, гардеробер, клима и   интернет – БЕСПЛАТНИ

kalitea-hotel-blue-dream-1

EARLY BOOKING
35% попуст за уплата до 21-ви декември 2016
25% попуст за уплата до 31-ви декември 2016
15% попуст за уплата до 1-ви февруари 2017
10% попуст за уплата до 15-ти март 2017

kalitea-hotel-blue-dream-2

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.
Share This