Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.

Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Понудата се однесува на СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.

20% попуст на редовните цени за резервација и целосна уплата  до 31.12.2016
10% попуст на редовните цени за резервација и целосна уплата до 28.02.2017
5% попуст на редовните цени за резервација и целосна уплата до 31.03.2017

Термин Ноќевања Поглед на море 1/3 Страничен поглед на море 1/3 Поглед на море 1/3+1 приземје
19.05 – 26.05 7 95 85 95
26.05 – 02.06 7 105 95 105
02.06 – 09.06 7 165 125 165
09.06 – 16.06 7 210 175 210
16.06 – 23.06 7 225 185 225
23.06 – 30.06 7 285 245 285
30.06 – 07.07 7 285 245 285
07.07 – 14.07 7 300 260 300
14.07 – 21.07 7 300 260 300
21.07 – 28.07 7 300 260 300
28.07 – 04.08 7 300 260 300
04.08 – 11.08 7 300 260 300
11.08 – 18.08 7 300 260 300
18.08 – 25.08 7 300 260 300
25.08 – 01.09 7 285 245 285
01.09 – 08.09 7 165 125 165
08.09 – 15.09 7 125 95 105
15.09 – 22.09 7 115 85 100
22.09 – 29.09 7 95 85 95
Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

leto-2017-ksamil-post-image

НАПОМЕНИ: За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот; Можност за дополнителен кревет во студио на приземje – Бесплатно; Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет; Климата е вклучена во цената; Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време; За хигиената на собите се грижат гостите; За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

ПОПУСТИ: За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќеавања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман; Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

ПЛАЌАЊЕ: Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд; Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање; За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

острог јоцо турс куманово

 

Ви благодариме.

Share This