-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило и широко шеталиште идеално за вечерни прошетки. Во нашата понуда имаме  трокреветни и четирикреветни студија и апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето.

Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

leto-2017-nea-palagia-post-image

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Плагиа
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Share This