-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Нова понуда за сезоната Лето 2017- Вила „Mariana“ лоцирана на неколку метри од морскиот брег во Неа Рода, на третиот крак Атос. Мала, симпатична вила со само три апартмани кои се издвојуваат по феноменалниот поглед кон раскошната морска бесконечност…тоа е се што Ви треба за уживање. Не пешачите до плажа, не пазарувате предалеку, лоцирани сте на самата пешачка зона каде се Ви е на чекор околу Вас-продавници, слаткарници, кафетерии, гиро, забава за децата…Располагаме со едно трокреветно студио и со два четирикреветни апартмани на високо приземје и на прв спрат.

Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, комплетно опремена кујна со мини електрични шпорети со рерна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Mariana” – Неа Рода
Термин:  Ноќевања:  1/3  студио  1/2+2 апартман (море)
02.06-12.06.2017 10 250 € 350 €
12.06-22.06.2017 10 300 € 400 €
22.06-02.07.2017 10 350 € 450 €
02.07-12.07.2017 10 450 € 550 €
12.07-22.07.2017 10 500 € 600 €
22.07-01.08.2017 10 550 € 650 €
01.08-11.08.2017 10 550 € 650 €
11.08-21.08.2017 10 550 € 650 €
21.08-31.08.2017 10 500 € 600 €
31.08-10.09.2017 10 400 € 500 €
10.09-20.09.2017 10 300 € 400 €
20.09-30.09.2017 10 250 € 350 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра.
Share This