-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Вилата Sole A Mare“ се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри.

Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето.

Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Sole A Mare” – Неос Мармарас
 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 студио (море) 1/2+1 студио (море) 1/2+1 студио 1/4+1 апартман 1/4+1 апартман (море)
20.05-30.05.2017 10 150 € 200 € 180 € 300 € 340 €
30.05-09.06.2017 10 200 € 250 € 230 € 350 € 390 €
09.06-19.06.2017 10 250 € 300 € 280 € 400 € 440 €
19.06-29.06.2017 10 300 € 350 € 330 € 450 € 490 €
29.06-09.07.2017 10 350 € 400 € 380 € 500 € 550 €
09.07-19.07.2017 10 450 € 500 € 480 € 600 € 650 €
19.07-29.07.2017 10 500 € 550 € 530 € 650 € 700 €
29.07-08.08.2017 10 500 € 550 € 530 € 650 € 700 €
08.08-18.08.2017 10 500 € 550 € 530 € 650 € 700 €
18.08-28.08.2017 10 450 € 500 € 480 € 600 € 640 €
28.08-07.09.2017 10 350 € 400 € 380 € 480 € 520 €
07.09-17.09.2017 10 250 € 300 € 280 € 380 € 420 €
17.09-27.09.2017 10 150 € 200 € 180 € 280 € 320 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Share This