За целосна уплата до 15-ти Декември – 25 % ПОПУСТ
ТРЕТО ЛИЦЕ БЕСПЛАТНО

Едно од трите најпознати летувалишта на првиот крак на полуостровот Халкидики. Се наоѓа на 90 км. југоисточно од Солун пред Ханиоти. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна-медитеранска вегетација, каде што самата гостопримливост на нивните домаќините го прават ова место примамливо за одмор.

Вила Ефтерпи

Вилата се наоѓа на само 5 мин. од песочната плажа во Полихроно. Располага со убаво уредени двокреветни апартмани на прв и втор кат и со трокреветни апартмани на приземје. Сите апартмани се опремени со бања, комплетна кујна одвоена од спалната, ТВ, клима уред (вклучен во цена), тераса. Трокреветните апартмани на приземје немаат тераса  и го користат делот од  градината.

polihrono-post-image-2

Во цената е вклучено користење на клима уред

polihrono-post-image-1

  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур=61.8 мкд.)
  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
  • За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 еур од вкупната цена по лице.
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 год) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања
  • Трето лице бесплатно сместување, плаќа само превоз.
  • Цена за превоз за дете од 2-11.99 год.- 25 еур/1.545 мкд
  • Цена за превоз за возсрасен 35 еур/2.163 мкд

Рана резервација -20 % ПОПУСТ со сопствен превоз за уплата до 15 Декември

НАПОМЕНА:

  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден!
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости!
  • Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00ч
  • Враќање последниот ден во попладневните часови!

ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • Плаќањето е задолжително во денари.
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
  • Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Јоцо Турс и СКТМ, побарајте ги во агенцијата.

polihrono-post-image-3

Share This