-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Нова понуда за сезоната Лето 2017-Апартхотел „Alexander Inn“, лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан  и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат.

Во нашата понуда имаме трокреветни студија  на високо приземје кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект  е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Апартхотел „Alexander Inn” – Ставрос
Термин: Ноќевања: 1/3  студио
02.06-12.06.2017 10 300 €
12.06-22.06.2017 10 350 €
22.06-02.07.2017 10 400 €
02.07-12.07.2017 10 500 €
12.07-22.07.2017 10 550 €
22.07-01.08.2017 10 600 €
01.08-11.08.2017 10 600 €
11.08-21.08.2017 10 600 €
21.08-31.08.2017 10 550 €
31.08-10.09.2017 10 450 €
10.09-20.09.2017 10 350 €
20.09-30.09.2017 10 300 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Share This