-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Традиционално веќе неколку години  во нашата летна понуда ја имаме вилата „Blue Sea” која е составен дел на хотелскиот  комплекс „Blue Sea Hotel” во Торони. Во состав на хотелот има ресторан, таверна и мини маркет. Вилата  се наоѓа на самата песочна плажа, а фактот што гостите можат да го користат базенот, џакузито и детскиот базен ја вбројува меѓу една од најбараните. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат  кои имаат тераси со поглед во дворот на вилата и на базенот, како и бочно поглед кон морето.

Сите студија имаат мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а се наоѓаат на први и втори спрат. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг простор.

Напомена: За сезоната Лето 2017  сите сместувачки капацитети кои се во сопствен закуп на „Атлантик Турс“ ќе бидат реновирани. Во студијата стариот мебел ќе биде заменет со нов (нови кревети за спиење), а целосно ќе биде заменета и надворешната дрвена столарија на вратите и прозорците со нова, ПВЦ столарија. Сите студија се во фаза на реновирање. Фотографиите се направени од студијата во вилата  „Blue Sea” кои се веќе реновирани. Прикажаната галерија е само за илустрација за тоа како треба по реновирањето да изгледаат сите студија. По завршувањето на реновирањето, ќе Ви презентираме нови  фотографии од секое студио.

Вила „Blue Sea” – Торони
Термин: Ноќевања: 1/3 студио 1/3+1 студио
20.05-30.05.2017 10 180 € 200 €
30.05-09.06.2017 10 250 € 270 €
09.06-19.06.2017 10 320 € 340 €
19.06-29.06.2017 10 390 € 410 €
29.06-09.07.2017 10 450 € 470 €
09.07-19.07.2017 10 530 € 550 €
19.07-29.07.2017 10 620 € 640 €
29.07-08.08.2017 10 620 € 640 €
08.08-18.08.2017 10 620 € 640 €
18.08-28.08.2017 10 550 € 570 €
28.08-07.09.2017 10 400 € 420 €
07.09-17.09.2017 10 280 € 300 €
17.09-27.09.2017 10 200 € 220 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Торони
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Share This