Вила “Grigoriou”, се наоѓа во строгиот центар на Калитеа односно на II пешачка зона, опкружена со многу продавници, бутици, ресторани, играчници за деца, кафе барови.. веднаш наспроти вила “Theano” и на 170m од плажа. Вилата располага со 1/3 (спална и одделен кревет) и 1/4 (брачен и две одделни легла) студија на I-ви кат.

Опремени со: одделна кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, огромни балкони (со масичка со столчиња) со поглед кон дворот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и   интернет – БЕСПЛАТНИ. Веднаш под вилата се наоѓа бутик.

kalitea-vila-georgiu-1

EARLY BOOKING
20% попуст за уплата до 31-ви декември 2016
15% попуст за уплата до 1-ви февруари 2017
10% попуст за уплата до 15-ти март 2017

kalitea-vila-grigoriu-2

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН

kalitea-vila-grigoriu-3

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.
Share This