АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

9-ти Март (Четврток) СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 05.00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 07.00 слетува во 09.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт… Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог со неговата најголема збирка на дела. Ноќевање.

10-ти Март (Петок) АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА: Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија, на враќање кон Амстердам посета на градот на минијатури Мадуродам. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

11-ти Март (Сабота) АМСТЕРДАМ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење. Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

amsterdam-post-image

12-ти Март (Недела) АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 10.20 часот, пристигнување во Скопје во 12.55 часот на аеродромот Александар Велики.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 евра (21.640 денари)
За уплати до 19.01.2017 : 299 евра (18.540 денари)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
  • Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Амстердам
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.600 денари.
  • Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.040 денари.
  • Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23 kg) 3.400 денари.
  • Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 32 kg) 4.600 денари.
  • Голема Холандска Екскурзија 75 евра
  • Мала Холандска Екскурзија 55 евра.
  • Крстарење по каналите на Амстердам 15 евра.
  • Туристичка такса (3 евра на ден) се плаќа во агенција 560 денари.
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз  http://en.gvb.nl/ovinmamsterdam/Pages/bestdeal.aspx
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари
  • Доплата за сингл соба 90 евра (5.600 денари)
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКМТ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 25 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
Комплет доплата најкасно 7 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето.
Share This