Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Моќниот Берлин со посета на Потсдам

10-ти Mарт (Петок) СКОПЈЕ – БЕРЛИН

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Авионот за Берлин полетува во 13.15, слетување во Берлин во 15.35 часот. Организиран разглед на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, а од тука започнува и најдолгата трговска улица Курфурштендам долга околу 3 километри, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Меморијалниот комлекс посветен на холокаустот, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид… Сместување во хотел. Ноќевање.

11-ти Март (Сабота) БЕРЛИН

Појадок. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Вечерта, можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари или познатиот оброк кој го носи името Берлин, црн дроб на Берлински начин, односно похован црн дроб со јаболка и кромид. Ноќевање.

berlin-post-image

12-ти Март (Недела) БЕРЛИН – ПОТСДАМ

Појадок. Слободно времe за индивидуални прошетки или факултативна посета на Потсдам, брандербуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејзажни убавини, паркови и кралски палати, под заштита на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот крал, да обезбеди место понастрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор. И самото негово име во превод значи “безгрижен”. Палатата ја красат 12 различни гламурозни и тематски различни соби, опкружена со прекрасен парк кој каскадно се распространува низ дворовите со многубројните фонтани… Во попладневните часови, факултативно крстарење со брод по реката Шпре, со можност да се видат градските атракции од страната на реката. Ноќевање.

12-ти Март (Понеделник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници. Организиран трансфер до аеродромот во Берлин. Авионот за Скопје полетува во 16.05 часот. Пристигнување во Скопје во 18.20 часот.

За уплата до 20 Јануари – 199 евра (12.350 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.450 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Берлин – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Трансфер во Берлин од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел 3* во Берлин на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Берлин
  • Прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 2.900 денари
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета на Потсдам (со влучена влезница за Палатата Сансуси) 55 евра
  • Крстарење со брод 20 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко-здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на ЈОЦО ТУРС
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
Share This