4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

 18-ти март (сабота) СОФИЈА – МАЛТА

Состанок на група во 22.00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин на 17 Март!!! Трансфер до аеродром во Софија, Р.Бугарија. Полетување во 06:25 часот (локално време). Слетување на аеродром во Малта во 07:30 часот (локално време). Пешачки разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града:„Vittoriosa“, „Cospicua“

 „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативна екскурзија до Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата.  Поаѓање за Св.Луис најголемото туристичко место на Малта.Сместување во хотел.Слободно време.Ноќевање.

malta-post-image

19-ти март (недела) ГОЗО

Појадок.   Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.  Ноќевање.

20-ти март (понеделник) ТРИТЕ ГРАДА

Појадок. Можност за факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, ConspicouaBormla, најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење намалтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Враќање во хотел. Ноќевање.

21-ви март (вторник) МАЛТА – СОФИЈА

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром во 06.00 часот. Полетување за Софија во 08:00 часот. Слетување во Софија  во 11:00 часот (по локално време).Трансфер до Скопје.

За уплата до 19 Јануари: 24.700 мкд (399 евра)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 27.200 мкд (439 евра)

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА!!!
За првите шест патника цена: 369 евра (22.880 мкд.)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Софија – Малта – Софија со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 42 х 32 х 25 цм
  • Трансфер Скопје – Софија – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел 3* во JULIAN’S на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед по програмата на Валета
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 300 денари
  • Факултативна посета на Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН)
  • Факултативна посета на Гозо
  • Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA
  • Туристичка такса во хотел
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Сите неспоменати трошоци
НАПОМЕНИ:
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на јоцо турс.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Share This