4 Дена / 3 ноќевања / Авион

9-ти Март (Четврток)  СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Братислава во 13:25 и слетување во 15:00 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотел. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Ноќевање.

10-ти Март (Петок) БРАТИСЛАВА – ПАНДОРФ – ВИЕНА

Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде што се пружа прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Пандорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Сместување во хотел. Ноќевање.

bratislava-post-image

11-ти Март (Сабота) ВИЕНА

Појадок. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица  Грабен до Stephanslatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство а денес е резеденција на австрискиот претседател… Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

12-ти Март (Недела) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:30 и слетување во 17:05 часот.

За уплата до 20 Јануари 257 евра (15.950 денари)ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 евра (18.550 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Организиран трансфер од Аеродромот до хотел и обратно и превоз од Братислава до Виена
  • Сместување во Хотел Crowne Plaza 4* во Братислава на база 1 ноќевање со појадок  www.cpbratislava.sk
  • Сместување во Хотел Austria Trend Lassalle 4* во Виена на база 2 ноќевања со појадок  www.austria-trend.at/en/hotels/lassalle
  • Разгледување на Братислава и Виена според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.600 денари или багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 23 kg) 2.400 денари
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затворени локалитети предвидени за посета и сл.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Share This