Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

11-ти Март (Сабота) СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 18.00 часот. Авионот за Милано полетува во 19.35, слетува во 21.35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот, со запознавање на елитниот град Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Сместување во хотелот. Ноќевање.

12-ти Март (Недела) МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига каде што свои бутици имаат речиси сите познати модни креатори. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со многу луксуз и детали за восхит.

Во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за прошетка и за уживање во прекрасните ресторани, да се вкуси некој италијански специјалитет. Ноќевање.

milano-post-image

13-ти Март (Понеделник) МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico.

Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал – Џејмс Бонд. Слободно време за шопинг во Милано и да се почувствува атмосферата на миланските кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

14-ти Март (Вторник) МИЛАНО – БЕРГАМО – СКОПЈЕ

Појадок. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Организирана посета на Бергамо, со прекрасниот средновековен и ренесансен центар на градот, една од најважните туристички дестинации во Ломбардија. Прошетка низ градот со две лица, модерниот и современ градски центар Citta Bassa и историскиот дел на градот Bergamo Alta од каде се пружа прекрасна панорамска слика на градот и околината. Трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 17.10, пристигнување во Скопје во 19.05 часот на аеродромот Александар Велики.

За уплата до 20 Јануари: 199 евра (12.350 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.450 денари)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • Сместување во Хотел Novotel Milano Nord Ca Granda 4* во Милано на база 3 ноќевања со појадок (www.accorhotels.com/gb/hotel-1140-novotel-milano-nord-ca-granda/index.shtml)
  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата, посета на Бергамо
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 1.600 денари или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 2.200 денари
  • Посета на Лугано и Комо 50 евра
  • Туристичка такса 5 евра на ден (се плаќа во хотелот)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на јоцо турс.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
Share This