БУДВА и ОСТРОШКИ Манастир со факултативна посета на Дубровник

 Термин: 14-ти Април 2017 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

Прв ден (четврток)  13-14.04.17  ШТИП/СКОПЈЕ – БУДВА

Поаѓање од Штип во 21:30 часот (на 13 Април) пред Новата пошта. Од Велес во 22:15 часот на бензиска Макпетрол (кружен тек под Костурница). Од Куманово во 22:30 (бензиска Макпетрол-автопат). Поаѓање од Скопје во 23:00 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.

Втор ден (петок) 14.04.17  ОСТРОШКИ МАНАСТИР – БУДВА

Во утринските часови пристигнување во манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград ( основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување или утринска литургија. Поаѓање кон Будва (со попатно фотографирање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел Vinogradi во центарот на Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање покрај море… Ноќевање.

budva-veligden-ponudi

Трет ден (сабота) 15.04.17  (факултативна посета на Дубровник )

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Дубровачките градски тврдини, Слободно време за кафе или ручек покрај море. Враќање во Будва во предвечерните часови. Вечерта, организирана факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

Четврт ден (недела) 16.04.17  БУДВА –  МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно време за прошетка или утринско кафе покрај море.  Поаѓање кон Македонија во 12 часот. Пристигнување во вечерни часови.            

Цена на аранжманот: 69€ / 4.300мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превозот со туристички минибус, (ТV/DVD/USB на секое седиште) на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Будва
  • Организирана посета на Св.Стефан и Острошки манастир
  • Организација и реализација на патувањето.

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Целодневна посета на Дубровник 10€
  • Факултативна вечера со музика во ресторан (на 04.03) 15€
  • Доплата за еднокреветна соба  25€
  • Патничко осогурување 180мкд.
Напомена: 
За реализација на аранжманот потребен е мининум од 20 патници.
За реализација на факултативата ДУБРОВНИК, потребен е минимум 20 патници.
Share This