Загреб-Плитвички Езера- Сплит-Меѓугорје-Дубровник-Будва-Острог 13.04.2017 до 17.04.2017 за само 9,826.00 денари

Прв ден  13.04.2017 (Четврток)

Поаѓање во 21:00 часот од автобуска станица на перонот за меѓународни поаѓања.  Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден  14.04.2017 (Петок) 

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Јелачиќ, катедралата посветена на Дева Марија, Камената порта, Црквата посветена на Св. Марко итн. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден  15.04.2017 (Сабота)

Појадок. Поаѓање кон Плитвички езера, најголемиот и најстариот национален парк во Југоисточна Европа со попатни паузи по потреба. Пристигнување во Плитвице, следува влез во националниот парк. По посетата се упатуваме кон Сплит, вториот град во Хрватска по број на жители и најголем град на источниот брег на Јадранското море. Пристигнување во Сплит, разглед на градот со локален водич, посета на Диоклецијановата палата. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел во околина на Сплит. Ноќевање.

Четврти ден 16.04.2017 (Недела)

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Меѓугорје, мало село во Босна и Херцеговина каде што според приказните Богородица се појавува и остава пораки на 6 луѓе од истоименото село. По посетата поаѓање кон Дубровник. Разглед на градот со локален водич: Главната капија Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, статуата на Марин Држич, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Будва. Сместување во хотел. Ноќевање.

Петти ден 17.04.2017 (Понеделник) 

Појадок. Одјавување од хотел. Разглед на градот со локален водич: Цитаделата во Будва, Археолошкиот музеј, катедралата на Св. Иван, црквата посветена на Светото Тројство итн… Поаѓање кон Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

veligden-plitvice

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел  3*
  • Организирани разгледи со локален туристички водич во Загреб, Сплит, Дубровник и Будва
  • Посета на Меѓугорје и манастирот Василије Острошки
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не  се вклучени следниве услуги:

  • Влезница во национален парк Плитвички езера 15 еур
  • Превоз од долниот до горниот манастир во Острог 3 еур по патник 
  • Патничко и здравствено осигурување 180 денари
  • Факултативни оброци
  • Сите активности и влезници кои не се вклучени во програмата

Останати услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 120 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за пријавување 08.04.2017
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на TA “Јоцо Турс” – Куманово
Share This