БУДВА-ДУБРОВНИК-ОСТРОГ

06.12.19– Петок

Поаѓање во 22 чaсот со автобус од пред ТА Мартин,23 часот Скопје-хотел Вип (паркинг) ,патувањето се одвива преку Косово и Албанија за Будва.

07.12.19- Сабота

Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, сместување во апартмани. Попладнето слободно време за прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија… Ноќевање.

08.12.19 Недела

Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод – траект. Пристигнување во Дубровник и кратко разгледување на  стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала… Враќање за Будва преку Тиват со траект. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

09.12.19 Понеделник

Напуштање на вилите и поаѓање кон Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. Посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити – Подгорица, и се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

ЦЕНА: 59 евра/3660 денари во студија – 2 ноќевања 

ЦЕНА: 69 евра/4280 денари во студија 

Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања во студија во Будва(секое студио има сопствено купатило,фрижидер,клима уред)
– организација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза (200 денари)
– целодневен излет до Дубровник  (20 евра)
– влезници за културно историските споменици,
– превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)

Напомена: Рок на пријавување до 30.11.2019 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО,ВЕЛЕС,ШТИП,СКОПЈЕ