ИСТАНБУЛ

1ден / 06.12.2019 (петок) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Скопје  (Хотел “ВИП” – наспроти саем) во 16 часот, Велес пред Т.А.Мартин во 17 часот, Неготино собрание 18 и 20 часот.Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден / 07.12.2019 (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. По кратка пауза во хотелот, со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со посета на: Хиподромот , Сината ЏамијаАја Софија , Палатата Топ Капи  На враќање кон хотелот, можност за попатна посета на Капали Чаршија . Слободно време за одмор или релаксација . Вечерта факултативна вечера на брод со забава(3 часовно ноќно крстарење со неограничено пиење алкохолни и безалкохолни пијалоци и храна). Враќање во хотел.Ноќевање.

3ден / 08.12.2019 (недела) ИСТАНБУЛ
Појадок
. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај .Во 17 часот поаѓање факултативно за Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“.Враќање во хотел доцна вечерта.Ноќевање.

4ден / 09.12.2019 (понеделник) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок
. Напуштање на хотелот.Посета на 4д проекција и тераса Сафир од каде можете да го видите целиот Истанбул.После тоа посета на нај големиот трговски центар во Европа – FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот SEA LIFE  ISTANBUL(најголемиот подземен аквариум). Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

5ден / 10.12.2019 (вторник) МАКЕДОНИЈА     Пристигнување во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 80€/4.960мкд со уплата до 15.11.2019

Редовна Цена: 90€/5.580 мкд

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КУМАНОВО,ШТИП,КАВАДАРЦИ

Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;

– панорамски разглед на Истанбул со локален водич
– 2 ноќевања со појадок во 3* во Истанбул
– посета на Хиподромот ;
– посета на Сината Џамија ;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– крстарење со брод по Босфор – 20€;

– посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) – 25€
– посета на Аја Софија  (влезница | аудио сет (слушалки) | локален водич) – 20€
– посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) – 20€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) – 20€;

– посета на 4д проекција и тераса Сафир 15€;

– посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“- 25 €

– здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.

– традиционална турска вечера на брод 35

Пакет 1 -Босфор,Долма Бахче Сарај,Аја Софија,Топ Капи,Emar Square Mal,WaterGarden=100 eвра
Пакет Сите факултативи 130 евра (не е вклучена забавата во Гар или на Бродот)

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари. 

Share This