Почетна 8-ми Март Врњачка Бања, 8-ми Март

Врњачка Бања, 8-ми Март

0
1388

13.03.202015.03.2020

(2 ноќевања + 2полупансиони + свечена вечера + неограничено пиење + жива музика + превоз)

1ден. 13 март: Тргнување за Врњачка Бања во утринските часови пред Т.А.Јоцо Турс. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Врњачка Бања предпладне. Сместување во хотел и користење на базен и слободно време за прошетка. Во Врњачка Бања се наоѓаат седум минерални извори: Топла вода, Слатина, Снежник, Језеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело). Вечера и ноќевање.

2ден 14 март: Појадок. Можност за факултативна претпладневна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Попатна посета на Краљево, градот каде се крунисани 7 српски кралеви, пауза за кафе или ручек индивидуално. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, користење на базен и слободно време за прошетка. Свечена вечера со жива музика и неограничено пиење. Ноќевање.

3ден. 15 март: Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Куманово во попладневните часови. Планинрано пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот  99 € / 6140  денари на 4 рати (Февруари, Март, Април, Maj)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 Полупансиони во хотел Бреза (шведска маса)
  • Свечена вечера со жива музика со неограничено пиење
  • Wi-fi интернет                                                                    
  • Придружник за време на патувањето                                               
  • Организација  на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •  Факултативна посета на манастирот Жича 5€ (доплата во агенција) Туристичка такса 1,5€ по лице од ноќ (вкупна доплата 3€, доплата во агенција)
  • Задолжително патничко и здравствено осигурвање

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур = 62мкд
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или лична карта, најмалку 3 месеци пред истек.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Јоцо-ТурсМС.
  • Реализацијата на програмата е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.

БЕЗ КОМЕНТАР

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молам внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.