НОВА ГОДИНА 2020

АТИНА

1 ден: 29.12.2019 год. Поаѓање за Грција во 19.00 часот од Скопје, паркингот пред  хотел Вип.  Патот води преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден:  30.12.2019 год. Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Слободно време или факултативен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски музеј.  Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден:  31.12.2019 год. Појадок. Целодневен факултативен излет до Пелопонез – разглед  со локален водич: Посета на Микена – древниот град на митскиот крал Агамемнон. По посетата продолжуваме кон Епидаурус – најакустичниот антички амфитеатар. Посета на гратчето Нафплион – некогашната престолнина на Грција, попатна посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море). Враќање во Атина во попладневните часови. Вечерта дочек на Новата 2020 на плоштад. Ноќевање.

4 ден:  01.01.2020 год. Појадок. Напуштање на хотелот.  Слободно време за посета на стариот дел на градот – Монастираки – уживање во Новогодишната атмосфера. Посета на Пиреја – најголемото пристаниште на Балканот и нејзините Марини. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови поаѓање  за Македонија.

5 ден:  02.01.2020 год. Пристигнување во Скопје  во претпладневните часови.

ЦЕНА: 103 евра (6.390 денари)

Можност за плаќање со VISA, MASTER, MAESTRO CARD

 Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Атина на база две ноќевања со појадок;
  • Посета на Монастираки и Пиреја
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Разгледување на Атина со локален водич – 10 евра ( минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот );
  • факултативен излет до Пелопонез- 25 евра (превоз и разгледување со локален водич);
  • Влезници за посети вклучувајќи ги и влезниците за Епидариус и Микена – се плаќаат при влезот, (минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот);
  • Туристичка такса -100 денари ( задолжителна доплата во агенција );
  • патничко осигурување (задолжително)

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад;За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. ЈОЦО ТУРС

Share This