НОВА ГОДИНА 2020

БУДВА-ДУБРОВНИК-КОТОР

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

1 ден: 30.12.2019 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 19.45 часот;  Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2019 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, ( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2020 год. Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава  и реприза на новогодишната ноќ пред платото на Стариот град во Будва со богата музичка програма. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2020 год. Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.  На договорено време, заминување за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување

65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

(Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)

  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Гратис полудневен излет до Котор;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Целодневен излет до Дубровник (10 евра);
  • Влезници за посети;
  • патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад; За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. ЈОЦО-ТУРС.

Share This