НОВА ГОДИНА 2020

БУКУРЕШТ

СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ – СНАГОВ

1 ден: 29.12.2019 год. Поаѓање за Букурешт од Скопје на паркингот кај хотел Вип во 15.00 часот со туристички автобус. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и  царински формалности.

2 ден:  30.12.2019 год. Пристигнување  во Букурешт во утринските часови, главниот град на Романија, кој често го нарекуваат и Мал Париз. Патувањето продолжува со факултативна посета на Кралскиот Дворец – Пелеш, Бран и Брашов. Посета на еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските Кралеви и негово разгледување. Пауза за надворешен разглед и фотографирање на дворецот и околината.  Патувањето продолжува за Бран со посета на  Дворецот на Дракула каде  ќе ја дознаете вистинската приказна за  легендарниот гроф Дракула и  градот Брашов кој представува вистински музеј на отворено. Слободно време за разглед и индивидуална прошетка на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден:  31.12.2019 год. Појадок. После појадокот следува разгледување на Букурешт со локален водич: Парламентот и архитектонскиот комплекс Куртлија – најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Тепеш – Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum – седиштето на филхармонијата, некогашната  Кралска палата, Националниот музеј за историја, Патријаршијата, Триумфалната капија. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел.  Вечерта дочек на Новата 2020 година на плоштад во Букурешт (превоз со автобус вклучен во цената). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден:  01.01.2020 год. Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Во попладневните часови поаѓање за Македонија со попатни одмори.

5 ден: 02.01.2020 год. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА: 105 евра (6.500 денари)

Можност за плаќање со VISA, MASTER, MAESTRO CARD

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 2* / 3* во Букурешт на база две ноќевања со појадок;
  • Разглед на Букурешт со локален туристички водич;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот не  се вклучени следните услуги:

  • Целодневен излет до Дворецот на Дракула, Кралскиот Дворец и Брашов  ( превоз + влезници за посета на Дворецот Бран ) – 25 евра;
  • Влезница за посета на манастирот во Снагов – 2 евра (задолжително)
  • патничко осигурување (задолжително)

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад;За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. ЈОЦО-ТУРС.

Share This