ИСТАНБУЛ

10.10.2019-13.10.2019

1ден. 10.10.(четврток)  Состанок на групата пред Т.А.Јоцо Турс во 16:00 часот, тргнување за Истанбул во 16:30часот. Патување преку граничен премин  Богородица со попатни паузи и царински формалности.

2ден. 11.10.(петок)  Пристигнување  во  Истанбул претпладне, панорамски  разглед  на градот и посета на :  Топ Капи Сарај, Аја Софија  и  Хиподром. Можност  за попатна посета на  познатата Капали Чаршија(индивидуално). Сместување во хотел во попладневни часови, вечерта е планирана за на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод со трансфер) со ориентална музика и неограничено безалкохолно пиење (кафе, чај, вода и сокови) (факултативно).  Ноќевање.

3ден. 12.10(сабота)  Појадок. По појадокот факултативна посета на Долма Бахче Сарај, последната резиденција  на отоманскиот султан и факултативно крстарење по Босфор. Факултативна посета на највисоката зграда во Европа Sappire Seyir Terasi (261м) која на највисокиот кат нуди неверојатна гледка на Истанбул под агол од 360° како и можност за гледање со 4D симулација. Организирана посета на Таксим, еден од најпознатите плоштади во градот и факултативна посета на Madame Tussauds,  музеј на восочни фигури на познати личности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден. 13.10(недела)  Појадок. После појадок е планирана посета на Сина Џамија и најголемиот трговски центар во Европа, FORUM во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Тргнување за Куманово во попладневните часови со попатни паузи.

 5ден.  14.10(понеделник) Пристигнување во Куманово.

ЦЕНА- 6140 денари со можност за плаќање на 4 рати

  Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* или 4* на база 2 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура со локален водич на македонски или српски јазик
  • Посета на Хиподром
  • Посета на Сина Џамија
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на патување

 ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА  НА  ФАКУЛТАТИВИТЕ  ПРИ  РЕЗЕРВАЦИЈА  НА  АРАЖМАНОТ

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Долма Бахче Сарај (превоз + влезница + локален водич) – 20 евра
  • Влезница за Аја Софија, аудио сет (слушалки), локален водич – 15евра
  • Посета на Топ Капи Палата, влезница и локален водич – 15 евра
  • Долма Бахче Сарај + Аја Софија + Топ Капи = ГРАТИС панорамски раглед !!!!!!!!
  • Посета на Madame Tussauds, превоз и влезница – 15 евра
  • Крстарење со брод по Босфор – 20 евра
  • Посета на Sappire Seyire Terasi, превоз, влезница за 4 D, локален водич – 15 евра
  • Посета на Аквариум Turkuazoo, превоз и влезница – 15 евра

СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ = 115 ЕВРА

  • Вечера на брод (3 часа ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + транфер) – 35 евра

СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ СО ВКЛУЧЕНА ВЕЧЕРА НА БРОД  = 150 ЕВРА

  • Патничко осигурување 1 евро од ден
  • За овој аранжман важат општите услови на ТА СТЕФАН-ТРАВЕЛ (ДСТУ ЈОЦО ТУРСМС) и СКТМ.

Валидни  биометриски  пасоши  120 дена  од денот  на враќање

НАПОМЕНА: ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНА НА РЕДОСЛЕДОТ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ПРОГРАМТА
За реализација на аранжманот е потребно минимум 40 патника  40 патника
Share This