ЛУТРАКИ ВОДЕН

Поаѓање во 04:00 часот  пред агенција Јоцо Турс . Патувањето е  преку граничен премин Богородица со попатна пауза и царински формалности.  Пристигнување  во Воден – градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција.

Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден.

Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден. Откако ке се посети Воден групата продолжува за Лутраки каде се посетуваат  минералните бањи во и уживање во топлите минерални води на отворените и затворените базени, коишто ке можат да се користат.

Самото место – Лутраки, има мноштво на приватни соби за сместување, хотели, ресторани, супер маркет, како и продавници за традиционални ракотворби и др.  Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината.Поаѓање за Куманово во вечерни часови .

ЦЕНА-1100 денари

Во цената е вклучено :

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Лиценциран пратител на група
  • Oрганизација и водство

 Во цената не се вклучени :

 Влезниците при посета на спа-центарот: 2 или 3 € (во зависност од базенот)

Share This