ДОЧЕК НА НОВА 2018 ГОДИНА ВО БУДВА – ДУБРОВНИК – КОТОР СО БИЈЕЛО ДУГМЕ И БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ

 

1 ден – 29.12.2017 – ТРГНУВАЊЕ

Дочек на Нова 2018 Година во Будва. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 20.00 часот;  Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден – 30.12.2017 – БУДВА

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана предновогодишна забава пред платото на Стариот град со концерт на легендарната група БАЈАГА и ИНСТРУКТОРИ. Ноќевање.

3 ден – 31.12.2017 – КОТОР

Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.  Враќање во Будва. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2018 година пред платото на Стариот град со концерти на познатата група од Белград “Queen real tribute“ – инспирирана од познатата британска група “Queen“ и групата “БЕЛО ДУГМЕ“ предводени од Горан Бреговиќ а во придружба на Младен Воичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ. Ноќевање.

4 ден – 01.01.2018 -ДУБРОВНИК

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

ЦЕНА: 89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување
65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

( Поаѓање од Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово )

  • Сместување во хотел во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Посета на Св.Стефан
  • Полудневен излет до Котор
  • Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Целодневен излет до Дубровник (10 евра)
  • Влезници за посети
  • патничко осигурување:
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад; За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.JOCO TOURS
Share This