ДОЧЕК НА НОВА 2019 ГОДИНА ВО БУДВА

БУДВА бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус.

“Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна карактеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете! Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км.

Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера.

Програма за патување:

1 ден – 29.12.2018 – (сабота) Скопје – Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – 30.12.2018 – (недела) Будва

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот со водич. Сместување. Вечерта можност за факултативна посета во некој од бројните ноќни клубови.

3 ден – 31.12.2018 – (понеделник) Будва – Porto Montenegro, Тиват

Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, Тиват. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности. Враќање во сместувањето.

Вечерта можност за дочек на Нова Година во ноќен клуб.

4 ден – 01.01.2019 – (вторник) Дубровник

Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море.

Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнуваме за Македонија. Ноќно возење преку Албанија и Косово. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови во среда.

Цена на аранжманот 85 евра / 5270 денари

First Minute цена 59 евра / 3658 мкд за 1/3 и 1/4 соба и 69 евра / 4278 мкд за 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.10.2018

Промо цена 69 евра / 4278 мкд за 1/3 и 1/4 соба и 79 евра / 4898 мкд за 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.11.2018

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќи во приватно сместување во Будва (апартмани за 1/2,1/3 и 1/4 лица, опремени со кујна, тоалет и клима)
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Факултативна посета на Дубровник
  • Факултативна посета на Porto Montenegro
  • Дочек на Нова Година во дискотека
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Share This