ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 € / 9.240 ден

Прв ден 10.10.2018 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок на групата на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

Втор ден 11.10.2018 ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови.. Предлагаме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. . По разгледот крстарење со брод по реката В’лтава. Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден 12.10.2018 ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден 13.10.2018 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови.За крај на денот, предлагаме факултативно посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање.

Петти ден 14.10.2018 ПРАГА –  ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан … . Во вечерните часови го продолжуваме патувањето кон Македонија. Ноќно возење.

Шести ден 15.10.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 € / 9.240 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Прага со локален водич 10 €
  • Факултативен излет за Карлови вари  25€
  • Факултативен излет до Дрезден 30€
  • Крстарење со брод по Влтава 15€   
  • Вечера во пивница со шоу  програма  35€
  • Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари
  • Влезници за локалитетити
  • Задолжително патничко осигурување  185 ден

Напомени:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
Share This