2 ДЕНА/1 НОЌЕВАЊЕ/АВТОБУС

 

21.10.2017 СКОПЈЕ  – СОЛУН – ПАРАЛИА

Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот на хотел ВИЛ (спроти скопски саем). Поаѓање за Грција во 05:15 часот. Поаѓање од Кавадарци во 06:30 часот од булеварот кај гранична полиција. Пристигнување во Солун во раните утрински часови.  Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во центарот на Солун . Потоа заминувње на групата кон трговскиот центар COSMOS. Слободно време за шопинг . Во договореното време поаѓање  за Паралија. Пристигнување во Паралија во вечерните часови. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

22.10.2017 ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, заминување на групата кон Метеори . Посета на една од најатрактивната дестинација – Метеори. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки, а еден е женски манастир, и дел од нив служат како туристичка атракција. Целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Кавадарци и Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА на аранжманот 55 €

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел 3* – 1НП ( ноќевање со појадок )
  • Посета на Солун и Космос
  • Организирана посета на Метеори
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници за Метеорите – 3€ ( се плаќа на лице место )
  • Патничко осигурување – 2( уплата во агенцијата )
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Агенцијата  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За реализација на аранжманот потребени се минимум од 45 патници
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. ЈОЦО ТУРС
Share This