05.03.2020-08.03.2020

1ден. 05 март: Состанок на групата пред Т.А.Јоцо Турс во 15:00 часот, тргнување за Истанбул во 15:30 часот. Патување со попатни паузи и царински формалности.

2ден. 06 март: Пристигнување во Истанбул претпладне, панорамски  разглед  на градот и посета на : Сина Џамија, Аја Софија  и  Хиподром, Топ Капи Сарај, при чиј што главен влез, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул, која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва од многуте знаменитости во Истанбул, палата, во која турските султани со векови живееле, вистински град во град, каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител). Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата. Посета по сопствен избор (самостојно) на  познатата Капали Чаршија. Сместување во хотел, вечерта е планирана за вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод со трансфер) со ориентална музика и неограничено безалкохолно пиење (кафе, чај, вода и сокови) (факултативно).  Ноќевање.

3ден. 07 март: Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење по Босфор. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај, последната резиденција  на отоманскиот султан и Факултативна посета на највисоката зграда во Европа Saphire Seyir Terasi (261м) која на највисокиот кат нуди неверојатна гледка на Истанбул под агол од 360° како и можност за гледање со 4D симулација. Организирана посета на Таксим, еден од најпознатите плоштади во градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден. 08 март: Појадок. Планирана посета на Аквариумот Florya и посета на најголемиот трговски центар Mall of Istanbul. Тргнување за Куманово во попладневните часови со попатни паузи.5ден.  09 март: Пристигнување во Куманово.

Цена на аранжманот  99 € / 6140  денари на 4 рати (Февруари, Март, Април и Мај)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* или 4*  на база 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Хиподром со локален водич
  • Посета на Сина Џамија со локален водич
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – Mall of Istanbul
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на патување

ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА  НА  ФАКУЛТАТИВИТЕ  ПРИ  РЕЗЕРВАЦИЈА  НА АРАЖМАНОТ

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Панорамски раглед со локален водич на македонски или српски јазик – 10 евра (задолжителна доплата при користење на сите/една од следните факултативи: 
  • Влезница за Аја Софија, аудио сет (слушалки), локален водич – 20 евра
  • Посета на Топ Капи Палата, влезница и локален водич  – 20 евра

                Аја Софија + Топ Капи = 35 евра

  • Посета на Долма Бахче Сарај (превоз + влезница + локален водич) – 20 евра
  • Посета на Saphire Seyire Terasi, превоз, влезница за 4 D, локален водич – 15 евра
  • Посета на Аквариум Florya, превоз и влезница – 20 евра

Долма Бахче Сарај + Сафир Сеир Тераси + Аквариум  = ГРАТИС панорамски раглед !!!!!!!!

  • Крстарење  со брод по Босфор ( 90 минути дневно крстарење со локален водич) – 20 евра
  • Ноќен Истанбул (превоз + водич) – 20€;
  • Вечера на брод (3 часа ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + транфер) – 35 евра

СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ = 130 ЕВРА

СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ СО ВКЛУЧЕНА ВЕЧЕРА НА БРОД  = 165 ЕВРА

  • Патничко осигурување 1 евро од ден

Еднокреветна соба + 40 евра = 2500 денари

Деца до 6 години – 45 евра = 2800 денари, деца од 6-12 години – 79 евра = 4900 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур = 62мкд
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Јоцо-ТурсМС.
  • Реализацијата на програмата е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да го промени редоследот на факултативите.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молам внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.