-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Вилата Lena се наоѓа во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос, оддалечена околу 300 метри од плажата. Апартманите се наоѓаат на високо приземје и на прв спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни со електрични шпорети со рерни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица.

Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со маси, гарнитури за седење и скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

leto-2017-jerisos-vila-lena-post-image-1

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Share This