ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15-ти ДЕКЕМВРИ 25 % ПОПУСТ

КРФ

Во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира. Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.

МОРАИТИКА

Модерно туристичко селце кое лежи околу природен залив. Селцето е, оддалечено 20км од главниот град Керкира, каде има голем број на ресторани, таверни, барови и продавници за да задоволат сечиј вкус.

Вила Бела Грециа е лоцирана во Мараитика на околу 7 мин од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија на прв и на втор спрат. Сите соби имаат балкон, ТВ, клима уред (дополнително се наплаќа), мини кујна (шпорет со грејни тела, фрижидер, комплет прибор) и бања со туш. Вилата има и сопствен базен. Бесплатни сефови на рецепција. Wi-Fi интернет со доплата (Цена за интернет картички: 120 мин.интернет-4 еур, 600 мин.интернет-7 еур,7 дена неограничен интернет-32 еур).

leto-krf-moraitikia-post-image-3leto-2017-krf-moraitika-post-image-1

 

  • Цените се изразени во евра, a плаќањето е во денари (1еур=61.8 мкд.)
  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз и карта за траект;
  • Во смените означени со (*) сместувањето е гратис (ПОПУСТОТ НЕ ВАЖИ), се наплаќа само автобуски превоз со карта за траект 75 еур (635 мкд)
  • Доплата за користење на клима уред 6 еур. по ден (се плаќа локално)
  • Задолжително патничко осигурување 310 мкд (за лица до 65 год.) и 620 мкд (за лица од 65-70 год.)
  • Трето лице бесплатно, плаќа само превоз
  • Цена за превоз за дете од 02-12 год. 55 еур (399 мкд,)/ дете до 02 год.- бесплатно (без седиште)
  • За пакет аранжмани од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 25 еур од вкупната цена по лице (само за аранжмани продадени по редовна цена)

НАПОМЕНА:

  • Користење на собите започнува првиот ден од 14:00-по локално време, а се напуштаат во 09:00-по локално време последниот ден!
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!

Рана резервација со сопствен превоз -15 % ПОПУСТ за уплата до 15-ти Декември

Поаѓање од Скопје – Автобуска Станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00ч
Враќање последниот ден во предпладневните часови!

ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош и бел лист (виза не е потребна); Минимум важност на пасошот 90 дена
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени со EARLY BOOKING, целосна уплата до наведената дата.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Јоцо Турс и СКТМ (побарајте ги во агенција)

leto-2017-krf-moraitika-post-image-2

Share This