-20 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.12.2016

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина и е одличен избор за поголеми друштва кои сакаат заеднички да летуваат. Дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Вила „Bouzalis” – Неа Флогита
 

Термин:

 

Ноќи:

 

1/2 соба-море
1/2+1 студио

 

1/3 студио

1/4 полу апартман (без поглед) 1/4 полу

апартман улица

 

1/4 дуплекс

(море)

 

1/6 дуплекс улица

 

1/8 дуплекс

(море)

22.05-01.06.2017 10 100 110 130 150 200 260 320
01.06-11.06.2017 10 150 160 180 200 300 360 420
11.06-21.06.2017 10 200 210 230 250 350 410 470
21.06-01.07.2017 10 300 310 330 350 450 510 570
01.07-11.07.2017 10 350 360 380 400 500 560 620
11.07-21.07.2017 10 400 410 430 450 550 610 670
21.07-31.07.2017 10 450 460 480 500 600 660 720
31.07-10.08.2017 10 450 460 480 500 600 660 720
10.08-20.08.2017 10 450 460 480 500 600 660 720
20.08-30.08.2017 10 400 410 430 450 550 610 670
30.08-09.09.2017 10 250 260 280 300 400 460 520
09.09-19.09.2017 10 150 160 180 200 300 360 420
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
острог јоцо турс куманово

 

Ви благодариме.

Share This