За целосна уплата до 15-ти Декември – 20% ПОПУСТ
Еден од најатрактивните од групата острови Споради на Егејското море. Со површина од 48 kм², Скијатос е познат по долгите песочни плажи, боровa шума и кристално чиста вода. Скијатос е остров со 66 песочни плажи со различен карактер: Vromolinos и Banana за млади каде преку целиот ден се сервира модерна музика, хитови и party атмосфера; Најубав песок има на плажата Kukunaris; со најубава боја на морето мами плажата Megali Amos; а ако повеќе сакате плава боја во сите нијанси со својот изглед ќе ве освои AgiaParaskeva и Trulos.
Сите случувања се во главниот град Скијатос, познат по забавата до утринските часови.
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денари (1 еур=61.8 мкд)
- Цените се дадени по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз и карта за траект
- Трето лице попуст 30%, дете од 2-12 год. плаќа 50%
- Цена за превоз за дете од 2-12 год. 80 еур 4.944 мкд (без аранжман) дете до 2 год.-бесплатно (без седиште)
- Цена за превоз за возрасен 110 еур/6.798 мкд (без аранжман)
- Во смените означени со (*) –ПОПУСТОТ НЕ ВАЖИ
- Задолжително патничко осигурување 5 еур/310 мкд за лица до 65 год.
- За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 30 еур од вкупната цена по лице, за деца до 12 год. 20 еур.
Рана резервација -15 % ПОПУСТ со сопствен превоз за уплата до 15 Декември
НАПОМЕНА:
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 ч.-по локално време, а се напуштаат во 09:00 ч.-локално време последниот ден!
- За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
- Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 час.
- Враќање последниот ден во попладневните часови!
ВАЖНА НАПОМЕНА:
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини
- За резервација задолжителна уплата на аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
- За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
- Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Јоцо Турс и СКТМ, побарајте ги во агенција.
- Во случај на промена на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија,агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање /враќање во согласност со промените на бродската компанија.