ЕДНОДНЕВНА ПРОШЕТКА

МЕТЕОРИ 08.12.2019

Поаѓање  на групата во вечерни часови пред агенција Јоцо Турс . Се патува преку  граничен премин Богородица. Пристигнување во утрински часови  во Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.

Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. После местото Трикла се продолжува на  Метеори и слободно време за разгледување на импресивната природа и манастирите , коишто се изградени на карпите наречени Метеори  кои настанале пред околу 60 милиони години. По разглед на Метеори се оди во посета  на фабрика за злато и икони во село Каламбака , и посета на црква Св.Петка Римјанка . Во попладневни часови се упатуваме кон Паралија и слободно време за прошетка.Поаѓање за Куманово во вечерни часови.

ЦЕНА-1600 денари

Во цената на аражманот е вклучено:

-Превоз со високо туристички автобуси на наведената релација

-Придружник за време на патување

-Организација и водство

Во цената не е вклучено:

-Влезница во манастир во Метеори

-Патничко осигурување

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО ПОТРЕБНИ СЕ 40 ПАТНИЦИ.