14.03.2020-15.03.2020

1ден. 13март: Состанок на групата во вечерните часови пред Т.А. Јоцо Турс и тргнување за Белград. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи.

2ден. 14 март: Пристигнување во Белград и раглед на градот: Црква Св.Сава, споменик на Кнез Михајлова, црвка Св. Марко, најпозната улица – Кнез Михајлова, тврдина Калемегдан и центар на градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Свечена вечера со жива музика со неограничено пиење. Ноќевање.3 ден. 15 март: Појадок и тргнување за Нови Сад, планиран разглед со локален водич: Стариот град, Петроварадинска тврдина, црквата Св.Ѓорѓи, музеј, планетариум, парк – еден од најубавите во поранешна Југославија, куќата на Алберт и Милева Ајнштајн. Тргнување за дома со попатни паузи. Пристигнување во Куманово.

Цена на аранжманот  85 € / 5270 денари на 4 рати (Февруари, Март, Април, Maj)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Ноќевање со појадок во хотел Југославија во Белград
  • Посета на Београд
  • Посета на Нови Сад
  • Свечена вечера со жива музика со неограничено пиење
  • Придружник за време на патувањето
  • Организација  на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 1 € дневно
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур = 62мкд
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Јоцо-ТурсМС.

Реализацијата на програмата е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молам внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.