05.03.2020-09.03.2020

ЗАГРЕБ-ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА-ОПАТИЈА-ТРСТ

1 ден:05/03/2020 год. Поаѓање во 19.00 часот пред агенција Јоцо-Турс со високотуристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.

2 ден:06/03/2020 год. Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот со туристички водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Горниот град, Камената порта, Загребската катедрала, Калчичева улица, Марковата црква… Слободно време за индивидуални прошетки низ центар на градот. Попладне заминување за Опатија ( едно од најмонденските места на Јадранскиот брег). Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка по Опатијска ривиера. Ноќевање.

3 ден:07/03/2020 год. Појадок. После појадокот се заминува на факултативен излет до Трст. Прошетка по плоштадот Piazza Unita. Слободно време за шопинг. Попладне враќање во Опатија. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Опатијска ривиера со пијалок. Ноќевање.

4 ден:08/03/2020 год. Појадок. По појадокот заминување за Плитвичките езера, кои се сместени во истоимениот национален парк и претставуваат своевиден бисер на Балканот, нивно разгледување (комбинирано разгледување на езерата, движење пеш, со брод или возење со воз)….Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори. 5 ден:09/03/2020 год. Пристигнување во Куманово во утринските часови.

Цена на аранжманот  129 € / 7999 денари на 4 рати (Февруари, Март, Април, Maj)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Опатија на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување на Загреб со туристички водич;
  • Излет до Плитвички езера;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета и шопинг во Трст 10 евра;
  • Крстарење со брод по Опатијска ривиера;
  • Патничко осигурување ;
  • Влезници за посета на културно-историски споменици и влезница за Плитвички езера

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур = 62мкд
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Јоцо-ТурсМС.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молам внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.