Цена на аранжманот  279 ЕУР / 17,250  денари

ВКЛУЧЕНИ РАЗГЛЕДУВАЊА СО ВОДИЧ НА ПАРИЗ И САЛЗБУРГ

 

3 март

Поаѓање во 12.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори до Салзбург

4 март

Пристигнување во Салзбург во предпладневните часови (граден во барок-стил во втората половина на 16 век во голем дел од познатите италијански архитекти Skamoci и Solari,  а кој со своите градби е дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО; во различни форми Салзбург ги чува спомените од својот граѓанин В.А. Моцарт). Разгледување на градот со туристички водич:  дворецот Мирабел, родната куќа на Моцарт, стариот плоштад и плоштадот на Моцарт, катедралата Св. Руперт, манастирот Св.Петар, бискупската резиденција, црквата Св.Себастијан…Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

5 март

Појадок. По појадокот заминување за Париз со попатна посета на Минхен. Следува прошетка по Карлс Плац и Мариен Плац во центарот на градот каде што ќе има можност за шопинг, посета на Фрауен Кирхе, Националниот театар и некоја од познатите Пивници во Минхен. ( Остануваме во Минхен минимум од 9 саати ). Вечерта поаѓање за Париз. Ноќно возење со попатни одмори.

6 март

Појадок. Пристигнување во Париз околу пладневни часови. Сместување во хотел. Мал одмор. Попладне посета и прошетка низ квартот Пигал и прочуените кабареа-Мулен Руж, катедралата Сакр Кер, познатата улица на уметниците-Мон Мартр со метро. Вечерта враќање во хотел. Ноќевање.

7 март

Појадок. По појадокот следува панорамско разгледување на градот со автобус и водич: Плоштадите на Републиката, Бастиља, Плоштадот Конкорд, катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула, Триумфалната порта, Елисејските полиња, Операта…Попладне факултативна посета на Кралската палата во Версај и нејзините прочуени градини. Вечерта можност за искачување на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Ноќевање.

8 март

Појадок. По појадокот следува слободно време за посета на еден од најубавите музеи-Лувр со метро. Факултативно крстарење со брод по реката Сена. Попладне посета и прошетка по модните куќи и трговски центри на познатата Champs Elysees. Во вечерните часови заминување за Милано. Ноќно возење со попатни одмори.

9 март

Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел во Милано(околина). Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

10 март

Појадок. По појадокот следува прошетка по центарот на Милано каде ќе се посетат Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот и катедралата Дуомо, Миланската скала….Слободно време за прошетка и шопинг. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори.

11 март

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Салзбург на база едно ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел 3* во Париз на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во хотел 3* во Милано(околина) на база едно ноќевање со појадок;
  • Разгледување на Париз и Салзбург со локален туристички водич;
  • Посета на Минхен и Милано;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Кралската палата-Версај( трансфер, влезница, водич )-40 евра
  • Влезница за посета на музејот Лувр-20 евра;
  • Влезница за посета на Ајфелова кула ( во зависност од височината );
  • Крстарење со брод по реката Сена-15 евра;
  • Билети за јавно превозно средство-метро;
  • Останати влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Јоцо Турс .
Share This