Цена на аранжманот  139 ЕУР / 8,550  денари

БЛЕД-БОХИЊ-ПОСТОЈНА ЈАМА

8 март

Поаѓање во 17.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води  на граничен премин Табановце, преку Србија и Хрватска со попатни одмори до Љубљана.

9 март

Пристигнување во Љубљана во предпладневните часови.  Следува разгледување на градот со локален туристички водич: Змејскиот мост-симболот на градот, трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик, Фрањевачката црква или црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица, Робовата фонтана или фонтаната на трите реки…Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

10 март

Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Блед и Бледското езеро-бисер на Словенечките Алпи опкружено со планински врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за за прошетки и уживање во кафе, познатите кремпити или вино. Можност за возење со чамец до единствениот остров во Словенија на Бледското езеро, посета на црквата Св. Марија и да заѕвоните  на ѕвончето за среќа и исполнување на желби. Патувањето продолжува низ живописните предели до Бохињско езеро, најголемото природно езеро во Словенија и вклучено во Националниот парк Триглав. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

11 март

Љубљана. Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Постојна јама-пештерски систем кој представува најголема геолошка атракција на Балканскиот полуостров, нејзино разгледување со водич. Попладне заминување за Македонија со попатни одмори.

12 март

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Љубљана на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување на Љубљана со локален туристички водич;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет до Блед и Бохињ – 15 евра;
  • Излет, вклучена влезница и водич за Постојна јама – 25 евра;
  • Возење со чамец по Бледско езеро;
  • Туристичка такса за хотел во Љубљана 1.5 евра по патник на ден;
  • Останати неспоменати услуги и посети
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Јоцо Турс .
Share This