Цена на аранжманот  129 ЕУР / 7,950  денари

СО ВКЛУЧЕН ИЗЛЕТ И ВЛЕЗНИЦА ЗА ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

8 март

Поаѓање во 19.30 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.

9 март

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови.   Следува панорамски разглед на градот со туристички водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Горниот град, Камената порта, Загребската катедрала, Калчичева улица, Марковата црква… Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне заминување за Опатија ( едно од најмонденските места на Јадранскиот брег). Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел.Слободно време за прошетка по Опатијска ривиера. Ноќевање.

10 март

Појадок. После појадокот се заминува на факултативен излет до Трст. Прошетка по плаштадот Piazza Unita. Слободно време за шопинг и посета на центарот Torri d’Europa. Попладне враќање во Опатија. Слободно време за посета на паркот Св. Јаков во центарот на Опатија (изграден 1845-1860 година кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба во Опатија-црквата Св.Јаков кој датира од 15 век). Вечерта факултативно крстарење со брод по Опатијска ривиера со пијалок. Ноќевање.

11 март

Појадок. По појадокот заминување за Плитвичките езера, кои се сместени во истоимениот национален парк и представуваат своевиден бисер на Балканот, нивно разгледување (комбинирано разгледување на езерата, движење пеш, со брод или возење со воз)….Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

12 март

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Опатија на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување на Загреб со туристички водич;
  • Излет и разгледување на Плитвички езера со вклучена влезница;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета и шопинг во Трст 10 евра;
  • Крстарење со брод по Опатијска ривиера;
  • Патничко осигурување 200 денари;
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Јоцо Турс .
Share This